Заев во посета на Тиквешијата: Остануваме партнер на лозарите и за поголема откупна цена

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и советничката од министерството, Ленче Николовска, денеска во Кавадарци присуствуваа на одбележувањето на празникот на лозарите и винарите, Св. Трифун.

Премиерот Заев во Кавадарци, заедно со Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и со претставници на дипломатскиот кор, им го честитаа празникот на граѓаните од Кавадарци.

При посетата на Кавадарци, премиерот Заев оствари средба со присутните граѓани на централниот плоштад во Кавадарци.

По повод денешниот празник Претседателот на Владата на РМ го посети и Неготино, каде што беше пречекан од градоначалникот Тони Делков.

За време на посетата на Неготино, премиерот Заев, министерот Николовски и градоначалникот Делков, остварија средба со присутните граѓани на градскиот плоштад, и во изјавата за медиумите порача дека со посебно внимание се решаваат проблемите на лозарите, дека се води грижа за навремено исплаќање на субвенциите и тоа дека во тек се и разговори со винариите и откупувачите за откупот на годинешната реколта.

– Среќен сум што можам да објавам, на стартот на сезоната, дека субвенциите се исплатени. Веќе почнавме разговори со винарниците и откупувачите за да може да обезбедиме колку може поповолна цена за производителите. Убеден сум дека со новите мерки што ги прави Владата, посебно за стимулирање на нови насади, отварањето на нови пласмани и со освојувањето нови пазари, цените на грозјето ќе растат. Сакам граѓаните да знаат дека Владата осветено работи во обезбедувањето на сигурниот пласман, но секако ќе бидеме и нивен партнер во преговорите за откупните цени – изјави Претседателот на Владата на Република Македонија Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e