Заев после ЦО: Обезбедуваме иднина за граѓаните и за Македонија

Соопштение за јавност
На вечерашната седница, Централниот одбор на СДСМ акламативно ги поздрави мудрите и успешни политики на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и на раководството на партијата во напорите за создавање услови за организација и спроведување регуларни предвремени парламентарни избори во Македонија.

Централниот одбор на СДСМ едногласно ги прифати предлозите на раководството и Извршниот одбор на партијата за кандидати за министри и дополнителни заменици министри за составот на техничката Влада за организирање и спроведување избори.

Тоа се Оливер Спасовски, кандидат за министер за внатрешни работи, Фросина Ременски, кандидатка за министерка за труд и социјална политика, Кире Наумов, кандидат за дополнителен заменик министер за финансии, Александар Кирацовски, кандидат за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација и Љупчо Николовски, кандидат за дополнителен заменик министер за земјоделство, водостопанство и шумарство.

Централниот одбор ја прифати одлуката на Извршниот одбор за одржување тематски конгрес на партијата при крајот на овој месец, за отворање простор за широк фронт против режимот на Груевски и утврдување на приоритетите на идната демократска власт во Македонија, професионални и демократски институции што ќе работат во интерес на граѓаните, правично општество, економска и социјална стабилност на граѓаните и државата, независно судство, објективни медиуми…

На вечерашната седница, Централниот одбор едногласно одлучи нов член на ЦО на СДСМ да биде Мухамед Зекири.

Претседателот на СДСМ ја потенцираше поддршката на граѓаните на Македонија, на членовите и симпатизерите на СДСМ, на опозицијата, на поединци, интелектуалци, граѓанските организации во чекорите за победа над режимот.

-Ова е важна мотивирачка сила во сериозната одговорност што ја презеде Социјалдемократскиот сојуз да го предводи процесот на обезбедување економски стабилна и демократска иднина на Република Македонија во интерес на сите граѓани во државата, што ќе се случи по 11 декември, рече претседателот Заев, на седницата на ЦО на СДСМ што се одржа вечерва.

Zaev CO1

Zaev CO2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e