Заев и Пендаровски од Чаир: Нашата сила е сплотени, нашата иднина се НАТО и ЕУ

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и канидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски денеска зборуваа на трибина со граѓаните на скопската општина Чаир. Пораките и на премиерот Заев и претседателскиот кандидат Пендаровски, и на граѓаните, ја потврдуваат клучната заложба на Стево Пендаровски, да продолжи изградбата Едно општество за сите и интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ, како и дека е тоа можно само Заедно Напред.

“Здраво, Mirdita”, доаѓам во мојата опптина и во моето маало, го почна обраќањето во Чаир кандидатот за претседател Пендаровски, што беше проследено со аплауз од присутните.

-Да гласаме за држава членка на ЕУ и НАТО, дел од современиот развиен свет, оваа држава само вака може да просперира. И сите да имаат исти права. Или сите ќе имаме исти права, или нема среќа за никој од нас. Немојте да дадеме шанса на концепти  погубни за нашата држава, повика претседателскиот кандидат Пендаровски.

Премиерот и претседател на СДСМ порача дека “мултиетнички Чаир е пример за убавината на мултиетничка држава”.

Премиерот и претседател на СДСМ, Заев, додаде дека иднината на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците, на сите други етнички заедници во државата, е во заедничкиот живот европска Република Северна Македонија.

-Треба да се гордееме со нашите различности. Сега кога изградивме едно општество за сите, кога сме пред вратите на НАТО и на ЕУ, ни треба претседател да ‘не води и да и помогне на оваа држава, порача премиерот и претседател на СДСМ, Заев, кој додаде дека само заедно, сплотени, можеме Напред.

Претседателот на СДСМ и премиер Заев дополни дека економските придобивки од интеграциските процеси ги чувствуваат сите граѓани независно од различностите, дека напредокот е почнат и дека сите граѓани, за својата иднина и за иднината на своите деца, имаат обврска да овозможат тој напредок да продолжи.

Тој повика на здружено, сплотено, масовно гласање.

-Апелирам да продолжиме заедно, да се гордеат со нас и деца и внуци, да го избереме заедно претседателот на државата, Стево Пендаровски, повика на трибината во Чаир, премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e