Заев: Однесувањето на Мицкоски е несериозно, неодговорно и навредливо

Премиерот Зоран Заев го осуди демонстративното напуштање на Мицкоски, кој ја напушти средбата со образложение дека не му бил јасен концептот зошто претставници на сите парламетнарни партии не се присутни.

„Сите што останавме на лидерската средба сме за успешен референдум, а однесувањето на Мицкоски демонстрирано во име на ВМРО-ДПМНЕ е несериозно, неодгороно и навредливо кон сите политички субјејктки и граѓаните на Македонија“ – потенцираше вечерва премиерот.

Заев соопшти дека за утре во 12 часот е закажана уште една лидерска средба во помал состав на која, како што истакна, Мицкоски ќе може да се изјасни дали е за НАТО и ЕУ, како и дали е за тоа граѓаните да одлучуваат за иднината на Македонија.

– Ако Мицкоски е за НАТО и ЕУ требаше да седи со сите лидери тука и да носи одлуки за иднината на државата, но одлучи да избега од ова историски најважно прашање за македонската иднина, потенцираше Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e