Заев: Одбележуваме значаен јубилеј достоен на европските вредности за почитување на различностите и за единство на сите разлики на Европа

Новиот Закон за употребата на македонскиот јазик, кој наскоро ќе биде доенесен предвидува натамошна афирмација на македонскиот јазик во странство, преку обновување на старите и отворање нови лекторати по македонски јазик на странските универзитети, особено во соседните држави на нашата земја, вклучувајќи ја и Република Албанија.

Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев, кој во Тирана учествуваше на конференцијата „75 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија”.

-Конференцијата „75 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија” одбележува значаен јубилеј достоен на европските вредности за почитување на различностите и за единство на сите разлики на Европа. Тоа го прави нашиот континент уште поубав и пример за почитување на правата на секоја етничка заедница во европското семејство. Тоа е голема вредност, истакна Заев на конференцијата, која се одржа во организација на Македонската алијанса за европска интеграција во Албанија.

Тој истакна дека непосредно по Втората светска војна и со формирањето на македонската држава, тогаш во југословенската федерација, започнала и грижата за Македонците кои живееле во соседните земји за да се воспитуваат и образуваат на својот мајчин македонски јазик.

Со тоа, додаде премиерот, Албанија станала земја која го признава статусот на македонското етничко малцинство, и во Мала Преспа се организирала настава на мајчин македонски јазик во основното образование до петто одделение, а од страна на државата биле отпечатени и учебници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e