Заев од Велес: Имаме успешен попис, членство во НАТО и пријателство со регионот, со „Најдоброто“ одиме напред!

„Во овие години успеавме да постигнеме успеси кои цели децении беа само недостижна цел, го поставивме правецот и тој е јасен: Со најдоброто одиме напред, на тој правец сме исправени четири години во кои ја имаме обврската да ја трансформираме државата на подобро и тоа, се случува сега и овде, пред нашите очи“, порача вечерва претседателот Зоран Заев во Велес, на промоцијата на кандидатот за градоначалник и советничка листа.

„За првпат по 20 години државата спроведе успешен попис. Еден милион 832.696 граѓани се попишаа, односно над 99 проценти од граѓаните. Ова е голем, огромен успех, веќе не сме единствена држава во светот без спроведен попис, веќе не одиме низ магла, туку добиваме јасни и прецизни податоци на кои ќе ги темелиме идните политики. Во едната рака имаме успешен попис – во другата членство во НАТО. Денес сме држава со најголема сигурност и најголем степен на транспарентност од сите земји во регионот, денес сме земја пријател на регионот и Европа“, посочи Заев.

Претседателот Заев истакна дека сето тоа е потврда за капацитетот и државноста што ги поседува СДСМ и потврда дека државата е на вистинскиот пат и враќање назад од тој пат нема!

„Тој пат носи напредок на државата, но и развој на општините. Овие четири години се развиваше државата, се решаваат клучни прашања, но истовремено се развиваа регионите и општините. И тоа Велес го знае најдобро“, заклучи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e