Заев на средба со кралицата Елизабета Втора заедно со првите луѓе на земјите-членки на НАТО

Официјална фотографија на Нејзиното Височество, Кралицата, Принцот од Велс со Генералниот секретар на НАТО и Шефови на држави и влади од државите-членки на Алијансата, стои на официјалниот Твитер профил на Кралското семејство.

На фотографијата со Елизабета Втора, заедно со премиери или претседатели од земјите-членки на НАТО е и премиерот Зоран Заев, како премиер на земја која по ратификацијата на Протоколот во Шпанија, ќе стане полноправна членка на Алијансата

Инаку, владина делегација предводена од Премиерот Зоран Заев два дена е присутна на Самитот на НАТО во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e