Заев: Мицковски е неодговорен и тешко е да се дебатира со него, повикувам да го следите дуелот

Премиерот Зоран Заев за утрешниот ТВ-дуел со Христијан Мицкоски во рамки на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 денеска ги повика граѓаните масовно да го следат телевизиското соочување. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека е тешко да се дебатира со него бидејќи „е неодговорен“.

– Тежок, неодговорен, за многу важни работи не помага на државата. Разбирам дека опозицијата треба да е критична, но треба да е реална и одговорна. Јас бев 21 месец во опозиција – рече денеска Заев, одговарајќи на прашање на трибината во Куманово „Фер општество, Шанса за сите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e