Заев: Македонските возачки дозволи ќе бидат признаени во Германија

Македонскиот премиер вели дека поради техничка пречка неделава не бил потпишан договорот за признавање на возачките дозволи со Германија, но очекува тоа наскоро да се случи, пренесува Дојче веле.

Процедурата околу признавањето на македонските возачки дозволи во Германија се одолжува, но набрзо ќе биде завршена, изјави за ДВ, македонскиот премиер Зоран Заев.

Како што признава и македонскиот премиер, планот бил договорот да биде завршен и објавен во пресрет на неговата посета на Германија и средбата со канцеларката Ангела Меркел, но технички проблем ги одолжил работите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e