Заев: Македонија победува!

“Од денес режимот на Никола Груевски заминува во историјата, а Македонија зачекорува кон нова иднина. Се изборивме на 11-ти декември граѓаните да може слободно да гласаат. Времето на изборно насилство и фалсификување на слободната волја на граѓаните заврши. Со тоа заврши и времето на режимот на Никола Груевски”.  – изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по завршување на преговорите.

“На 11-ти декември ќе ги поразиме сиромаштијата, криминалот, корупцијата, етничките поделби и омразата. Ќе ги поразиме партизацијата на институциите, хајките, нарачаните судски процеси, мафијата. Мора да ставиме крај на иселување на младите луѓе и опустушување на земјата.

Почитувани граѓани,

Ве повикувам на масовна мобилизација, сите граѓани за победа на Македонија! На 11-ти декември нема да ја одлучуваме судбината само на нашите генерации, туку на многу следни генерации. Овие избори се референдум! Граѓаните ќе бираат дали сакаат да живеат во осиромашена и криминална држава на Груевски и фамилијата или во богата и правна држава на сите граѓани. Одговорот веќе сите го знаат. На 11-ти декември доаѓаат промените и новата иднина за нашите граѓани. Го предупредуваме ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски да не ни помислуваат да го прекршат договореното и да ја заложат Македонија за да купат уште некој ден слобода.

Од правдата и од судот на народот нема бегање. Цела јавност знае под чиј диктат Уставниот суд на Македонија. Затоа предупредуваме дека секое ново прекршување на договорот од Пржино, посебно уривање на Специјалното јавно обвинителство, СДСМ и граѓаните на Македонија жестоко ќе одговорат.” – посочи Заев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e