Заев: Ќе се ревидира Законот за јазици, ќе ја испочитуваме Венецијанската комисија

Законот за јазици ќе биде ревидиран, најави премиерот Зоран Заев откако вчера венецијанската комисија го достави мислењето. Тој додаде дека Министерството за правда ќе подготви измени и ќе ги достави до Собранието.

Овие измени, вели премиерот, ќе бидат во согласност со забелешките на венецијанската комисија која вчера достави мислење дека Законот треба да се преиспита.

„Jазиците се за да се разбереме, ние донесовме законско решение, но уште во тој момент, уште кога дебатиравме во самиот Парламент и со неговото донесување рековме ќе ја чекаме Венецијанската комисија и ќе ја испочитуваме, затоа намерата е да ја испочитуваме Венецијанската комисија. Министерството за правда ќе ги подготви измените, уште еднаш ќе ги испратиме, за да каже Венецијанската комисија дали е тоа тоа, за да може навистина соработката да ја потврдиме и ќе го пуштиме во Парламентот за да го констатира“, рече Заев

Тој истакна дека измени ќе има во делот кој се однесува на употребата на албанскиот јазик во судството, за да се избегне ситуација кога заради овозможување на правото на употребата на мајчиниот јазик би се загрозиле некои други права.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e