Заев: Ќе го зголемиме парламентарното мнозинство за импичмент на Иванов

Премиерот Зоран Заев гостуваше во емисијата “Само вистина” на Канал 5.

На прашањето на водителката дали Заев планира да го зголеми парламентарното мнозинство, премиерот најави дека мнозинството ќе биде зголемено за да дојде до смена на Иванов од претседателската функција.

-Ако има потреба ќе го зголемиме парламентарното мнозинство заради импичмент на Иванов, рече Заев.

Претседателот Иванов резолутно најави дека ќе се спротивстави на ратификацијата на Договорот, а ова е прва најава на премиерот дека Иванов ќе биде соочен со импичмент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e