Заев: Ќе дадеме шанса на дијалогот – нова лидерска в недела!

„Трајат долго разговорите, раговаравме за доста суштини, околу референдумот и изборот на ДИК. Разговорите со опозицијата продолжуваат. Најверојатно недела вечер или понеделник наутро ќе има лидерска средба“, кажа Заев во кратката изјава после лидерската средба која без договор.

„Компромиси околу стратешките цели на Македонија, нема да има, рече Заев. Амнестија, директна или индиректна нема да има. Ќе дадеме шанса на дијалогот се додека е возможно. Собранието продолжува со работа, измените на изборниот законик продолжуваат да се разгледуваат во собраниските комисии. Броени се деновите на целиот процес, мора да се организира референдумот, по што следуваат и уставни измени“, заклучи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e