Заев: Идната влада на СДСМ ќе донесе најлиберален закон за правото на избор на жените за абортусот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на Фејсбук ја искоментира дебатата што се отвори во јавноста околу ставовите на еден од кандидатите на листата на СДСМ, Ферид Мухиќ за абортусот.

Еве што напиша тој:

Неприкосновено е правото на избор, како на жените, така и на секој поединец.

Еден од приоритетите на идната Влада предводена од СДСМ ќе биде носење најлиберален закон за правото на избор на жените кога е во прашање абортусот.

Подеднакво како што ќе го штитиме правото на избор, ќе застанеме во целосна одбрана на правото на јавно искажан став и правото на различно мислење. Отворената дебата и различните мислења значат здраво општество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e