Заев го кажа своето мислење за протестите

Премиерот на Македонија Зоран Заев синоќа во Струмица изјави дека договорот со Грција ќе биде потпишан утре, недека, со што ќе се испрати сигнал за европско однесување и манири во период кога „Балканот раководи со ЕУ“.
– Важно е што сето тоа се случува во период кога Балканот раководи со Европската унија, односно Бугарија претседава со ЕУ. Посебно сум среќен што на Западна Европа и испративме сигнали на европско однесување и европски манири, и дека како Балкан имаме целосно право да бидеме дел од Европа, изјави Заев.
Тој нагласи дека и пред склучувањето на договорот со Бугарија имало протести, но ништо не загубиле Македонија и Бугарија.

– Имаше протести и незгодни зборови пред да се склучи договорот со Бугарија. Откако го потпишавме договорот со Бугарија во Скопје, ништо не загуби Македонија, туку само добија Македонија и Бугарија. Така ќе биде и со Грција, рече Заев пред почетокот на претставата „Железната завеса“ во изведба на тетарот на Бугарската армија во Домот на културата во Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e