Премиерот Зоран Заев во интервју за А2 Албанија изјави дека спроведувањето на ветингот е планирано уште од доаѓањето на власт, но не е започнато заради препораките од Европската Унија.
Заев посочи дека тоа не било можно, бидејќи Европа ги очекувала резултатите од ветингот во Албанија.
„Јас го ветив ова на изборите, не ветинг, туку она тоа што го сметам за признавање на правото на реизбор на судии и обвинители. Беше дел од програмата. Но, кога ја презедов функцијата, ЕУ не ми даде можност да го започнам процесот. Зошто? Затоа што можеби требаше да следат како тој одеше во Албанија, како ќе заврши таму. Тие ни кажаа дека немаме луѓе, нема како да ги пополниме работните места“, изјави Зоран Заев, цитиран од „Алсат-М“.