Заев: Ако стотина судии не го поминат ветингот, немаме како да го пополниме тоа

Во извештајот на Прибе е наведено да се избегнуваат коментари, но ќе кажам дека нашиот народ очекува протресување на судии, политичари, институции. Мора да внимаваме со ветингот, еве го примерот од Албанија, не може да ги пополнат испразнетите места. Тоа мора да се направи внимателно, рече премиерот Зоран Заев.

„Ние во иднина очекуваме низ поглавјата да имаме промена во нашето општество. Мора да има отвореност за нас, нашите семејства. Имав политичко ветување за реизбор во правосудството. Аргументите беа дека немаме доволен резервоар при евентуално анулирање. Ако се случи стотина да не можат да го поминат ветингот, немаме како да го пополниме тоа. Верувам дека имаме квалитетни кадри со над пет години искуство, адвокати, универзитетски професори. Драго ми е што има сигнали и од опозицијата“, истакна тој.

На прашање за вчершната најава на обвинителката Вилма Русковска дека ќе бара финансиска истрага за судиите во Апелација кои ја пуштија екс Сепцијалната обвинителка во домашен притвор, тој рече дека нема да ја коментира одлуката на обвинителката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e