Вработените во „Југохром“ најавуваат блокади, бараат итно повлекување на забраната за работа

Повлекување на одлуката на прекинување на производството на „Југохром“ и да нема отпуштања на вработените, бараат од Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство. Доколку нема разбирање на надлежните, Синдикатот од комбинатот во Јегуновце од сабота најавува блокада на автопатот Тетово-Скопје кај селото Желино, пренесе МТВ.

Блокада на автопатот Тетово – Скопје кај рампата Желино најавија вработените од „Југохром“. Испорачаа три барања, за кои велат дека ако не се исполнат ќе го блокираат и стариот пат. Побараа итно повлекување на забраната за работа на фабриката, вработените да се задржат на работа, а филтрите за прочистување што поскоро да се изградат.

Синдикатот тврди дека „Југохром“ не е причината за големата загаденост на Тетово. Побараа надлежните да направат анализа на воздухот, а податоците бидат на увид на јавноста.

Екологистите пак не прават компромис кога е во прашање загадувањето на градот кој изминатата зима уриваше рекорди според високата вредност на опасните ПМ10 честички во воздухот.

„Југохром“ престана да работи минатата недела откако Инспекторатот за животна средина одлучи да го затвори комбинатот, поради пробивањето на двегодишниот рок за изградба на филтер-станица, кој истече на 31-ви октомври годинава. Со ваквата одлука повеќе од 700 работници беа испратени на принуден одмор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e