Вработените во Југохром два часа го блокираа патот Скопје -Тетово

Вработените во Југохром Фероалјос денеска со двочасовна блокада на патарината кај Желино од автопатот Тетово – Скопје го искажаа своето незадоволство од тоа што од почетокот на месецов согласно одлуката на Државниот инспекторат за животна средина, комбинатот мораше да ги изгасне печките бидејќи не беше испочитуван рокот за поставување на филтри за отпрашување на фабричките оџаци.

Нивните барања се рестартирање на печките во Југохром Фероалојс и поништување на решението за тоа донесено од Државниот инспекторат за животна средина,  до повторното рестартирање на фабриката работниците да примаат плата или надоместок како за принуден одмор, сопственикот и менаџерскиот тим на комбинатот да се ангажираат целосно да се реши проблемот со поставување филтер станица за отпрашување. Најавија дека доколку не им се одговори позитивно на барањата тие ќе ги радикализираат протестите со блокирање и на стариот пат од Тетово кон Скопје заедно со автопатот. За овој месец во договор со управата на Југохром тие се на принуден одмор и ќе земат 70 отсто од платата.

– Затворањето на Југохром прво е многу лошо за овие луѓе што работат таму. Најпрво тие се и нивните семејства се најзагрозени и најоштетени и нормално дека уште еден два вакви капацитети во Македонија ако не работат тоа значи и целосно влошување на економската состојба на државата – истакна претседателот на СИЕР, Пеце Ристески кој беше на протестите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e