И во опозиција се плашат: ВМРО – ДПМНЕ повторно бега од дебати

Тема на месецот, особено на овие два – три дена е договорот кој Македонија го постигна со Грција а со цел одблокирање на евроатлантските перспективи и зачленување на Македонија во НАТО и започнување на преговорите за членство во Европската Унија.

Има многу аргументи ЗА и ПРОТИВ, кои пред се претставниците на власта и претставниците на опозицијата треба да ги соочат со цел граѓаните да одлучат што е најдобро за нив, а за тоа треба да се искористат сите можни шанси кои ќе се укажат.

Првата шанса за тоа е емисијата Топ Тема на Телма каде гостуваат претставниците на власта, Томислав Тунтев и Артан Груби, додека, претставници на ВМРО – ДПМНЕ кои иако, како што најави новинарот Боби Христов биле уредно поканети, не се појавија на дебатата.

Предходно од партијата најавија дека ќе ги искористат сите демократски мерки за да го блокираат договорот.

ВМРО – ДПМНЕ додека беше власт изминатите 11 години имаше тенденција никогаш да не се појавуваат на дебатни емисии каде што требаше да ги соочат аргументите и жестоките прашања од тогашната опозиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e