Во недела лидерите на средба кај претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски испратил покана до парламентарните политички партии за лидерска средба во недела во Вила Водно, откако францускиот претседател Емануел Макрон не го промени ставот за проширувањето, со што Македонија повторно остана без почеток на преговорите.

Како што пишуваат медиумите, владејачките СДСМ и ДУИ, но и останатите партии од албанскиот блок ја прифатиле поканата и ќе учествуваат на средбата, а одговор од ВМРО-ДПМНЕ се уште нема. Од претседателската вила не кажуваат дали ќе се одржи средбата, но велат дека ќе излезат со информација навремено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e