Во четврток дебата Пендаровски – Силјановска на МРТВ 1

Претстојниов четврток, 25 април, во 21:00 часот на МРТ1 е закажано предизборно соочување – дебата помеѓу претседателските кандидати Стево Пендаровски од СДСМ и коалицијата и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО ДПМНЕ.

Јавноста е во исчекување на новата дебата меѓу двајцата кандидати освен во случај Силјановска да се откаже од соочувањето каков што беше случајот со интервјуто на ТВ Телма каде Силјановска го одбегнала жешкото столче токму во предизборниот период.

Исто така пред неколку дена дел од медиумските работници реагираа дека кандидатката од СДСМ ја продолжува праксата на дискриминација на новинари и медиуми воспоставена од Груевски.

-Кандидатката Сиљановска нема време за одговри на најголемата европска ТВ мрежа. Исто така кандидатката на ВМРО ДПМНЕ ги одби барањата на колегите Чомовски и Ордановски за гостување на 1ТВ . Праксата на дикриминација на новинари и медиуми која ја воспостави Груевски пред 10 години се уште не е променета, напиша пред извесно време Борјан Јовановски, познат македонски новинар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e