Во центарот на Скопје се одржа Марш за чист воздух

“Правда пред профит”, “Сакаме да дишеме”, “Нема воздух, нема мир”…. Ова се дел од пораките на еколошките здруженија и на граѓаните преку кои апелираа да се почитува правото на животна средина кое е гарантирано со Уставот. 

Тие побараа радикална промена на политичките приоритети и радикална трансформација на општествено-економската поставеност, која ќе ја отфрли саможивата филозофија на владејачката класа и која ќе го стави обичниот човек на прво место.

Во спротивно, како што кажаа, нивниот одговор ќе биде радикален, порачувајќи дека во секојдневие кое се повеќе наликува на Чернобил, повеќе нема што да се изгуби.

Активисти од разни иницијативи од целата држава со над 200 барања со конкретни мерки во повеќе сектори,  побараа промени и почиста животна средина.

Јана Наскова од иницијатива „Fridays for future“ на протесниот марш кој заврши пред Влада, истакна дека аерозагадувањето не се решава со купување маски за воздух во аптеките.

„Овој проблем може да се решаи само ако сите сплотено излеземе на улица и се избориме за чистиот воздух“, рече таа.

Според Коста Барсов се додека не се воведат итни радикални метри против аерозагадувањето, тие ќе излегуваат на улица, бидејќи како што истакна нерешавањето на проблемите го прекршува уставното право за здрава и чиста животна средина.

„На нив не им е гајле што мораме да носиме маски, не им е гајле што живееме како во Чернобил и тоа не треба да е така, тоа не мора да е така“, истакна тој.

Маршот започна од пред Министерството за животна средина, се движење низ центарот на Скопје до Собрание, а заврши пред Влада. Со ова, граѓаните се приклучија на Глобалниот климатски штрајк. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e