Во 2023 година ќе се финализира коридорот 8

Мaкедонија започнува да ги троши 70-те милиони евра, европски пари за третиот дел од железничката пруга на коридорот – 8, а Бугарија почнува да црта проект. Двете страни си подадоа рака, а пред медиумите ветија дека во 2023 година преку тунелот кој ќе се гради наредната година кај граничниот премин Деве Баир, ќе се се финaлизира коридорот – 8.

„Од нашата страна е веќе стартиран избор за фирма проектант. Благодарание на сорaбoтката меѓу двете земји и сорaботката меѓу двете комапнии правиме напори 2023 година да иамме готова железничка врска меѓу двете земји, финализирана со изградбата на тунелот кај Деве Баир и кон крајот на 2023-та да се поздаравиме на средина од тунелот, и да го пуштиме првиот воз.“

Од Бељаковце до границата со Бугарија, за 23 километри ќе се потрошат 360 милиони евра. За да може да се стаса од Скопје до Бугарија со пруга, Македонија работи на уште две делници. Иако беа обезбедени 142 милиони евра за Куманово – Бељаковце уште пред 3 години, изградбата заглави во безброј проблеми. Стотици тужби заради несоодветна експропријација на земјиште, МЖ Инфраструктура се влече по судовите.

Асани е е уверен дека овој коридор ќе ги привлече компаниите да го користат железничкиот транспорт од Турција до Албанија, од Црното море до Јадранското, а капацитетот ќе биде и до 20 композиции дневно. Со овој коридор Македонски железници транспорт ќе имаат поголем обем на работа и помалку финански проблеми, иако според Асани потребна е и либерализација на железничкиот транспорт.

Извор: Телма 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e