Силјановска избрана за кандидат за претседател од редовите на ВМРО – ДПМНЕ

Професорката Гордана Силјановска Давкова е избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на денешната конвенција на партијата која се одржа во Струга.

Таа доби 408 гласови од вкупно 519 делегати коишто гласале.

– Ви благодарам. Македонија е во женски род, можеби доаѓа времето на жените. Не може да се победи на избори ако зад тебе не застане силна партија, ви благодарам на сите, изненадена сум, ме оставивте без зборови – рече Силјановска-Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e