Со владиниот проект „Гаранција за млади“ за два месеца се вработени 123 лица

Од Министерството за труд и социјална политика ги потенцираат охрабрувачки резултати од проектот „Гаранцијата за млади“ преку кој, за два месеца, се вработени 123 млади лица во трите пилот општини и тоа Струмица, Скопје и Гостивар.

Проектот започна да се имплементира во март 2018 година како пилот проект во три општини и планирано е да трае во текот на целата година. Врз основа на анализа на постигнатото во пилот фазата, проектот ќе се се имплементира на целата територија на Република Македонија. „Гаранција за млади“ има за цел на млади лица од 15 до 29 години,  во период од четири месеци, да им обезбеди шанса за вработување, континуирано образование и обука или практикантство.

„Гаранцијата за млади“ е проект на Владата на Република Македонија со цел да се изгради системски пристап во решавањето на проблемот со невработеноста.

Првичните резултати од пилотирањето на проектот се охрабрувачки. За само два месеца, речиси 700 млади од 15-29 години се вклучиле во Гаранцијата за млади.  За 640 од нив, направен е индивидуален план за вработување, 220 веќе биле вклучени во други услуги за вработување како што се: мотивациски обуки, обуки за барање работа, професионална ориентација и кариерно советување. Од пријавените, 123 млади лица веќе се во работен однос, а од останатите 60% аплицирале за некои од програмите/ мерките за вработување како на пример: 59 во Програмата самовработување со грант, 86 во Програмата за субвенционирање на плати, 73 во Обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, 73 во Практикантство и сл.

Проектот се спроведува од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Македонија и Националниот младински совет на Македонија, а е финансиски поддржан од Швајцарската амбасада во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e