Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена

Владата на Република Северна Македонија на денешната 23-та седница донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.
Ова е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, по претходен предлог на Групата за процена.
Претходно на седница, Советот за безбедност препорача прогласување кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради корона-кризата.
Периодот за постоење на кризна состојба на територија на Северна Македонија е во траење од 30 дена почнувајќи од 20 ноември 2020 година и за оваа Одлука Владата ќе го извести Претседателот на Република Северна Македонија и Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e