Владата предлага ДИК наместо со 81 да се бира со 61 пратеник

Владата до Собранието денеска доставила измени на Изборниот Законик кои треба да се по скратена постапка, пренесува НОВА ТВ.

Со измените се предлага изборот на членови на Државната изборна комисија (ДИК) да се избира со просто мнозинство од 61 пратеник, а не со двотретинско мнозинство како што беше до сега.

НОВА ТВ дознава дека предлог-измените поминале на денешната 80 владина седница и веќе се пристигнати во Собранието.

Според нашите информации се очекува предлогот на Владата да биде ставен на дневен ред на денешната седница на Собранието што беше закажана за 12 часот.

Измените на изборниот Законик стигнуваат откако ВМРО-ДПМНЕ го услови изборот на членови на ДИК со усвојување на Законот за финансирање на политичките партии како и со формирање на техничка Влада.

Поради ова формирањето на ДИК за сега е блокирано. Рокот за избор на членови на оваа Комисија истече пред две недели.

Формирањето на ДИК е клучно затоа што ДИК е надлежната институција која што треба да го спроведе референдумот најавен за крајот на септември или почетокот на октомври 2018 година.

Како што најави денеска премиерот Зоран Заев утре треба да се доржи лидерска средба на која што главна тема ќе биде прашањето за референдумот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e