Владата одлучи: Угостителските објекти ќе работат до 21 часот, забрането групирање на повеќе од четири лица после 21 часот

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил извести дека Владата на денешната седница одлучила да се скрати работното време на угостителските објекти до 21 часот и да се забрани групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21 часот.

„Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот:

Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.

Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.

На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.

Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.“, истакна Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e