Владата ќе ги утврдува Предлог-буџетот и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2020 година на седница

Владата на Република Северна Македонија денеска, на редовната 164 седница ќе ги утврди Предлог-буџетот и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2020 година.

На дневен ред на седницата, како што соопшти владината прес-служба, се повеќе точки од програмата за работа и од интерес за граѓаните.

На предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, ќе биде ставена на усвојување Предлог-програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година, а на предлог на Министерството за труд и социјална политика Владата ќе одлучува и по Предлог-програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2019 година.

Министерството за образование и наука за оваа седница ги стави на дневен ред Предлог-програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, како и информацијата со Предлог за воспоставување на регионални центри за стручно образование и обука.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e