(Вистинска случка) Ај идеме у пивница, горе тамо шефовите и овие од месен комитет не доаѓаат, страв им е од шиптарите

Прееска накај 19 и нешто часот идам пешки накај чаршија, пред мене група 5-6 мади дотерани мажи и жени (или момци и девојки како сакате) се враќаат од протест, го поминуваме камени мост, полека како одат ги вадат црвено жолтите полуизвиднички шамии и ги бутаат по џебови. Им го слушам муабетот едниот вика ај тргајте боите идеме на пиво у пивница горе тамо шефовите и овие од месен комитет не доагјаат страв им е од шиптарите, раат ќе бидеме таму преку глава ми е више секој ден едно исто неоти знам зашто идеме.
Продолжуваме да чекориме по мостот секој со својата мака, што да кажам навистина тажно…..

Фејсбук статус на Никола Писарев, граѓански активист

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e