(ВИДЕО) Заев на Минхенската конференција: На добра насока сме, се надеваме на датум за преговори на јунскиот самит

ремиерот Зоран Заев, на Минхенската безбедносна конференција, каде што имаше обраќање на панел заедно со грчкиот колега Алексис Ципрас, изјави дека Преспанскиот договор може да биде пример за решавање на други спорови во регионот и во светот.

-Дојдовме до решение кога сите мислеа дека е невозможно. Тоа е европско лидерство. И Ципрас и јас научивме од европските лидери за трпение, разбирање за другите и желба за помирување која е темел на европските вредности. Знаевме дека за нас не постои друга алтернатива освен НАТО и ЕУ интеграција. Отворањето на пристапните преговори со ЕУ и поканата од НАТО ќе дадат поттит за спроведување на историскиот Договор со Грција. Го искористивме времето во чекалната се подготвиме за пристапните преговори. Денес сме подготвени и политички и институционално. Не охрабрува стратегијата за проширување на ЕУ и имаме јасна препорака, рече Заев.

Тој нагласи дека добивме добар пријател во ликот на Грција, која сега ќе се залага за нас, се разбира, следејќи ги критериумите на ЕУ.

-Тоа за нас значи дека владеењето на правото мора да блеска, борбата против корупцијата, промените во јавната администрација и безбедносниот систем. На добра насока сме и се надеваме дека на јунскиот самит конечно, по 15 години ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, изјави Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e