(ВИДЕО) Владина делегација положи цвеќе на гробот и споменикот на Гоце Делчев

Владина делегација предводена од вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за образование и наука, Арбер Адеми и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје по повод 117-годишнината од смртта на идеологот и водач на револуционерното национално ослободително движење.

Владината делегација положи венец со цвеќе и пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Ликот на Гоце Делчев, кој загина на 4 мај 1903 во село Баница, останува запаметен како обединувач и визионер, кој пред повеќе од еден век порача дека „Светот го разбра како поле за културен натпревар на народите“ и таа порака сплотува и мотивира за почитување и унапредувања на правата во сопствената држава и пошироко со сите народи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e