(ВИДЕО) Вајгл: Двојна игра на ВМРО-ДПМНЕ – се колне во НАТО и ЕУ, а очигледен беше организираниот бојкот

Деновиве лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е под континуирано пријателско убедување за целата партија да биде дел од процесот и дека во тоа директно бил вклучен и претседателот на Европската народна партија, Жосеп Дол.. Засега нема резултати од таа комуникација.. За Македонија утре ќе се расправа во комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Известувачот за земјава, Иво Вајгл, се надева на договор меѓу власта и опозицијата и е критичен кон досегашното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Иванов.

„Нема да нагаѓам кои се мотивите на ВМРО за таквото однесување. Денес, секому му е јасно дека тоа е една двојна игра. Од една страна да се колнеш дека приоритет на државата е зачленување во НАТО и во ЕУ, а од друга очигледно и многу помно, смислено организирање бојкот на референдумот. Сметам дека едно со друго тоа тешко оди и морам да кажам дека тоа значи отстапување од она што разговаравме по Договорот од Пржино. Тогаш беа прифатени одредени обврски дека сите партии на прво место ќе го стават интересот на државата, а не партискиот интерес. Но, оваа сегашна ситуација многу потсетува на онаа пред Договорот од Пржино. Секако, во тоа особено разочарување е позиционирањето на претседателот на државата кое има многу малку заеднички нешта со императивната задача, или улога на претседателот да поддржува нешто што ја води државата напред, што ја унапредува меѓународната позиција и безбедноста на државата.

Избегнувам квалификации и би сакал дијалогот со опозицијата да биде конструктивен, да се види во што е проблемот… Дека не е проблемот само во очекувањето дека со својот притисок ќе постигне амнестија за оние кои згрешиле пред законот и се впуштиле во дејства кои, според ЕУ и нашите вредности, се неприфатливи. Мислам дека треба да се инсистира на тоа и судството да ја заврши својата работа и дека тука некаде, доста јасно се зацртани границите на некој можен компромис“, вели Вајгл.

360 Степени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e