(ВИДЕО) ТЕЛМА: Александар бил жив кога го пронашле, по неуспешниот обид за спасување спасувачите се откажале

Александар Миновски, планинарот кој загина со Калина Велеска на Кајмакчалан бил жив во моментот кога првите спасувачки екипи ги пронашле двајцата изгубени планинари. Ова го покажува барањето за обдукција на грчката полиција до кој дојде Телма. Напишано е на 11 ти февруари, ден по несреќата односно истиот ден кога се извлечени телата. Но, во него пишува дека Солунската сецијална единица за справување со катастрофи ги пронашла Калина и Александар во 22 часот во саботата на 10-ти февруари. Во него јасно пишува дека Александар бил жив и со јаже спасувачите се обиделе да го извлечат додека претпоставуваат дека Калина не била жива.

„Направен е обид за нивно извлекување – спасување, на горенаведениот маж со употреба на ремен, додека истиот се уште беше свесен, додека горенаведената почината не покажуваше знаци на живот ниту на чувствителност и веројатно беше веќе почината. Според соопштението на спасителот додека течело извлекувањето со ременот, истиот поради непозната причина се откачил од ременот и паднал по стрмната падина на уште поголема длабочина каде поради темнината и лошите временски услови (силен снег и силен ветер) кои во моментот преовладуваа таму, беше невозможно да се лоцираат“.

Ова покажува дека спасувачите се откажале од понатамошна потрага и дури следниот ден во 13 часот како што пишува во барањето ги извлекле телата и пренеле во болницата во Воден.  Според она што го пишува таму Александар бил пронајден 40 тина метри погоре од Калина која била затрупана со метар и пол снежен нанос. Телма контактираше со надлежниот службеник од полициската станица во Воден Ѓавурополус кој го подготвил барањето, но тој за подетални информации ни рече да го контактираме утре. Од противпожарната бригада која ист отака учествуваше во спасувањето ја потврдуваат веродостојноста на документот

„Тие го пронашле него, но тој паднал повторно. Да, да. Дали е точно? Да точно е. И тие не можела да го пронајдат него цела ноќ се до утрото селдениот ден, во недела? Да, да“.

Инаку според овој документ во групата имало 47 мина планинари, додека според македонската федерација во турата учествувале 63 ца. Во македонскиот се опишуваат настаните до 19 часот но не и по тоа како течела потрагата. Денешна Нова Македонија ја објави последната фотографија направена од телефонот на Калина Велеска која ја прикажува црквичката која се наоѓа на врвот на Кајмакчалан. Изгледа како да е фотографирана од задната страна токму во делот каде се наоѓаат карпите а на неа како да се гледаат и две силуети.

Исто така е објавена и фотографија од местото на кое се пронајдени и е нешто подолу. На фотографијата пак од книгата во која се потпишува секој што ќе го искачи врвот со еден ист ракопис на 10 ти февруари се потпишани четворица, меѓу кои александар и калина, но и уште Дејан Кировски и Михаил Стевковски. Зошто само двајца од нив се вратиле а двајца заминаа во смрт се уште нема одговори од македонските органи. Од МВР и Обвинителството убедуваат дека полициските извештаи и обдукциските наоди од Грчка страна не се пристигнати земјава. Во Македонија не е направена реобдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e