(ВИДЕО) Поврат на персонален данок за остварени приходи од земјоделство до 1 милион денари

Повратот на платениот данок ќе го врши Управата за јавни приходи и ќе се реализира по службена должност, по истекот на годината во која е остварен приходот, односно откако ќе завршат постапките за утврдување на годишните приходи и данокот за таа година. Така, граѓаните ќе немаат обврска да доаѓаат во Управата и да поднесуваат барање за поврат и нема да плаќаат административни такси за барањето за поврат и за даночниот управен акт со кој се врши повратот, во вкупен износ од 300 денари. На овој начин се укинува процедурата која само по себе одзема време и пари на земјоделците и на органот кој треба да води постапка по нивното поднесување.
Со последните законски измени, се намали прагот за регистрација на овие даночни обврзници.

„Последните измени во Законот за персонален данок на доход го сменија начинот на кој се оданочува приходот на физичките лица од продажба на сопствени земјоделски производи. Имено, овој приход се оданочува по пат на одбивка, односно задршка на данокот, од сумата обезбедена од исплатувачот кој го врши откупот. Даночна основа во овој случај претставува разлика помеѓу приходот и нормираните трошоци во висина од 80%. На овој начин се намалува прагот за регистрација на овие даночни обврзници како вршители на дејност од 1300001 денари на 1000001“, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ