(ВИДЕО) Опозициските медиуми објавија видео со Ахмети старо повеќе од две години

Медиумите блиски на опозицијата вчера. токму на денот кога се закажаа предвремени парламентарни избори на 12-ти април 2020-та година, ги преплавија социјалните мрежни со видео старо повеќе од две години, на кое Али Ахмети е видно нервозен.

Ахмети во видеото е незадоволен и запраша кој толку ги разединил Албанците за да имаат толку многу политички партии. Ахмети смета дека со тоа што Албанците се поделени на повеќе партии, се губи гласот и нервозно удираше по масата во студиото на ТВ21, но не вчера, туку пред една година.

Крајната цел на медиумите блиски до опозицијата со оглед дека ова видео ги преплави социјалните мрежи е граѓаните да бидат изманипулирани и да мислат дека лидерот на ДУИ е видно нервозен и веќе ја почнал кампањата со жестока реторика, велат експертите, но ова видео е снимено интервју од 2017-та година за емисијата Клик плус на националната телевизија ТВ21.

Видеото од 2017-та погледнете го подолу:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e