(ВИДЕО) Николовски: Поедноставни даночни постапки и повеќе пари кај земјоделците

Со последните измените на Законот за персонален данок на доход, значително се поедноставуваат даночните постапките за земјоделците, порачаа на денешната заедничка прес конференција министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Со последните законски измени, се намали прагот за регистрација на овие даночни обврзници.

Во таа насока со измените на законот се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од претходно 300.000.00 денари на 1.000.000 денари, за што земјоделците кои немаат дополнителни приходи во текот на годината, ќе имаат право на поврат на данокот на доход. Министерот Николовски посочи дека на овој начин остануваат повеќе пари кај земјоделците, а дополнително ќе бидат ослободени од досегашните административни процедури.

35059948_2164535250434669_2699689912529059840_o„ Повратот на персоналниот данок за земјоделците со зголемениот праг до еден милиони денари важи за земјоделците кои во текот на годината нема да остварат други приходи по други основи. Кон крајот на годината УЈП ќе ги има сите пресметки за тоа колкава група на земјоделци ќе бидат опфатени и колку пари се враќаат кај земјоделците. Повратот ќе оди директно на земјоделците, а овој данок ќе се задржува од страна на откупувачите. Дополнително земјоделците со новите законски решенија се ослободуваат од административните процедури, односно нема да поднесуваат барање за регистрација како даночни обврзници, нешто што досега се вршеше, нема да плаќаат адмнистративни такси и нема да поднесуваат годишна даночна пријава . Ова е особено значајно за оваа целна група за која што се грижиме, и не само со враќање на парите, туку и со поедноставување на процедурите да добијат побрзи и поквалитетни услуги од страна на институциите“, изјави министерот Николовски, додавајќи дека со новите законски решенија ќе се добијат прецизни податоци во делот на откупените земјоделски производи, што е важно за креирањето на идните мерки и политики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e