(ВИДЕО НАЈАВА) Вечерва во 360°: Каков ќе биде расплетот од мешаницата на политичката сцена?

Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое со претставници на партии од владејачкото мнозинство разговараме за неговата судбина, се емитува вечерва (5 ноември 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат

Вистинска мешаница е на политичката сцена, така што првата работна недела по најавената оставка на премиерот Зоран Заев завршува без јасни назнаки за можниот расплет. Последниот заплет е поврзан со најавите од БЕСА за преиспитување на учеството во мнозинството откако ДИК усвои приговор на ДУИ за Желино, што води кон прегласување на едно избирачко место во општината во која тесно победи кандидатот на БЕСА. Паралелно, заседаваше раководството на СДСМ кое, како што беше соопштено, ги договорило следните чекори што ќе ги соопшти идната недела. Од Собранието, пак, стигнаа гласини дека ВМРО-ДПМНЕ собира потписи за распуштање на парламентот и нови предвремени парламентарни избори што беше демантирано од координаторот на пратеничката група. Каде плови овој брод – вечерва ќе разговарам со дел од партнерите во владејачката коалиција: пратеничката и лидерка на ДОМ, Маја Морачанин, пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова, и заменик-министерот и генерален секретар на Демократски сојуз, Зоран Димитровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e