(ВИДЕО НАЈАВА) Еве што ќе гледате вечерва во „360 степени“ на ТВ Алсат

Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (8 март 2021 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат

Во „360 степени“ вечерва:

– Владиниот Генерален секретаријат, во времето на Драги Рашковски, набавил софтвер за сообраќајни прекршоци, кој не е во употреба и осум месеци откако е платен. Рашковски вели дека се координирал со надлежни институции, но во МВР не само што не знаат за набавката туку и не планираат да ја користат;

– Владата ветуваше дека ќе го смени начинот на именување директори на јавните институции, но само ја продолжи познатата пракса – каде заглавија најавените промени;

– Ако има закони, зошто Македонија со децении не може да воспостави квалитетен систем за управување со пластичен отпад;

– На 8 Март – интервју со амбасадорката на Шведска, Кристин Бенгтсон, за родовата еднаквост и блокираниот пристапен процес на земјава во ЕУ;

– „Саботажа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e