(ВИДЕО) МВР со одговор на обвинувањата на демонстрантите

Демонстрантите што синоќа протестираа пред Собранието реагираат дека полицијата прекумерно употребила сила врз нив, како и дека без потреба биле растерувани со шок-бомби и солзавец.

Од МВР пак велат дека полицијата постапила во согласност со процената на состојбата на терен и ги презела сите мерки и активности за да се спречи понатамошно нарушување на јавниот ред и мир. Толпата, според МВР, била насилна и се обидела да влезе во Собранието кога ја турнала заштитната ограда. Оттаму негираат дека била употребена прекумерна сила.

– Во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје пред зградата на Собранието некои од демонстрантите, од кои голем број маскирани, насилно ја турнаа заштитната ограда и почнаа со фрлање камења и пиротехнички средства и други предмети кон зградата на Собранието и полицискиот кордон, воедно обидувајќи се насилно да влезат во Собранието – вели портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

За време на вчерашниот протест биле повредени десет полицајци, а седуммина побарале лекарска помош. Полицијата привела 26 демонстранти, меѓу кои имало и петмина малолетници.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права ги осудија насилствата од страна на демонстрантите врз полицајците, а реагираат и на прекумерна употреба на хемиски средства врз граѓаните што протестираат за што најавуваат и пријава до одделот за вантрешна контрола во МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e