(ВИДЕО) Моментот кога прилепчанецот Ване освои 500.000 евра на спортска

На интернет каналот Јутјуб се појави видео на кое е снимен моментот кога среќниот прилепчанец Ване ги ,,фати’’ 520 илјади евра, најголемата добивка досега во земјава на спортско обложување.

Без некоја голема возбуда, заедно со неколку пријатели се гледа како тој го очекува крајот на утакмицата која била решавачка за неговата добивка.

-Готово е Ване, со среќа да си ги трошиш – му честитаат пријателите, веднаш по крајот на решавачкиот натпревар, по што тој шармерски, со шешир на главата се поздравува со присутните во обложувалницата ,,Моцарт’’.

Ване Лесноски (48) е топ тема денес во земјава и секако во неговиот роден град Прилеп. За локални медиуми изјавил дека сеуште е возбуден и нема испланирано како ќе ги потроши парите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e