(ВИДЕО) Макрон пред една година вети дека заедно можеме да направиме многу

Додека бројни политичари и функционери од цела Европа ја потенцираат важноста за доделување датум за почеток на преговорите со Скопје и Тирана и предупредуваат на можноста од рушење на кредибилитетот на ЕУ во Западен Балкан, премиерот Заев денеска потсети дека потенцијалното вето е  практично знак дека ЕУ не  го почитува, па дури и дека го казнува Преспанскиот договор.

„Сите велат дека Преспанскиот договор досега е еден од најдобрите примери на Западен Балкан. Ако ЕУ го казни овој договор со одлагање на пристапните преговори со Северна макеоднија, како може тогаш да се очекува дека ќе биде најдено решение за косовското прашање, или како ќе се мотивираат босанските лидери да најдат решение во БиХ, рече Заев за српски Танјуг.

Заев посочи дека ниедна земја членка нема забелешки кон нас, туку проблем е само барањето на Франција за реформа на преговарачкиот процес, кој според Заев може да се одвива паралелно со процесот на проширување.

Пред точно една година премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил го сподели видеото во кое Емануел Макрон го поздравува Преспанскиот договор.

„Пристигна порака со поддршка од Елисејската палата. Претседателот на Франција, Емануел Макрон го поздравува договорот од Преспа и го смета за суштина на амбициите за нашата младина. Му благодарам на претседателот Макрон и потврдувам дека заедно можеме да направиме многу во годините кои следат.“ – напиша тогаш Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e