Прес конференција, Македонија продава струја и заработува од зголеменото сопствено производство на електрична енергија. Од почетокот на оваа година, на три аукции, вкупно се продадени 170.160 MWh со приход од над 8.7 милиони евра (8.720.558 евра). Во 2016 година пак продадени биле само 16.000 мегават часови, што е за 10 пати помалку. Споредбата во времето кога кадри на ВМРО-ДПМНЕ раководеа со ЕЛЕМ, како Христијан Мицкоски, покажува дека: од држава зависна од увоз на електрична енергија, денес Македонија продава вишоци на електрична енергија. Се потврдува дека со домаќинско и одговорно управување се постигнуваат значителни резултати од кои се обезбедуваат повеќе пари за државата а бенефит на крајот имаат сите граѓани. |