(ВИДЕО) Костадинов: Ќе има ДИК и референдум, ќе нема амнестија на криминалот

Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата
Скопје, 24.07.2018

 

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бесрамно тргуваат со националните интереси на Македонија, на сметка на амнестија за криминалите на фамилијата.

Мицкоски вчера неодговорно и срамно избега од решение.

Иако ВМРО-ДПМНЕ со години се залагаше за референдум за Договорот со Грција, Мицкоски вчера бесрамно го услови договорот и идниот реферндум, со амнестија на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски одби да се откаже од својата намера преку бојкот да се обидува да ги уништува ЕУ и НАТО перспективите на граѓаните.

Заради амнестија на криминалот, Мицкоски се обидува да ја турне Македонија во изолација и неизвесност, во темното минато на криминал и неказнивост.

Почитувани,

Колку и да се трудат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат македонската иднина.

Македонците со своите сограѓани од сите етнички заедници кои живеат во Македонија одат напред, таму кадешто припаѓаме, во ЕУ и НАТО, рамо до рамо со големите сили.

Како одговорна партија, заедно со сите политички субјекти кои се на страната на НАТО и ЕУ ќе овозможиме волјата на граѓаните да биде целосно испочитувана и реализирана.

Ќе победи волјата на граѓаните. Ќе има ДИК, ќе има и референдум, аменстија на криминалот нема да има.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e