Видео како полицијата заплени 700 килограми кокаин, каде е вмешана и актерката Стојановска

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани.

Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА.

Македонската актерка, Силвија Стојановска беше приведена во врска со заплената на огромна количина дрога и беше одреден 30-дневен домашен притвор.

 

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e