(Видео) Богоевски: Не може да ме прекорува правниот систем кој дозволува Груевски 10 години да ја силува правдата

Судењето на активистот на „Шарена револуција“, Павле Богоевски, беше одложено за 14 ноември.

– Обвинителството се дрзна да покрене постапка без претходно да биде определена штетата, па денеска на првото рочиште им текна да предложат како сведок претставник на Министерството за култура кој дополнително ќе се произнесе за наводно причинетата штета. Поради тоа се одложи судењето за 14 ноември што не претставува никаков проблем освен што се продолжува и одолговлекува оваа голгота и малтретирање. Во меѓувреме обвинителството на Зврлевски продолжува да го игнорира вистинскиот криминал во државава, продолжува да постапува исклучително по налог на партискиот шеф, но многу ми е мило што се собравме тука и многу луѓе дојдоа во работо време за да кажат дека додека нема да има правда, нема да има ни мир – рече Богоевски.

Тој кажа дека Шарената револуција ќе биде тука секогаш кога СЈО ќе се соочува со огромни пречки во работењето и го коментираше вчерашното одбивање на владејачкото мнозинство да ги поддржи законите за СЈО.

– Подиректен облик на прекинување на поддршка и подривање на авторитетот на СЈО јас немам видено. Со самото тоа што се одбива да се продолжи рокот, владејачкото мнозинство кажува дека се нема волја да се открие кој прислушкувал и кои криминали се во прислушкуваните разговори. Ако сакаа СЈО ефективно да го искористат времето кое го имаа можеби немаше да ја донесат одлуката за аболиција – рече Богоевски.

– Не може да ме прекорува општеството чијшто правен систем дозволува здружението на Груевски 10 години да ја силува правдата во оваа држава и да ја киднапира секоја пора во општеството – рече тој.

Извор: Либертас

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e