(ВИДЕО 360˚) Поповски: Процесите се забрзуваат за новата влада да биде присутна на самитот на НАТО на 25 мај

Во дебата на „360 Степени“, новинарот Љупчо Поповски зборуваше за можноста од забрзана интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.

– Она што поранешниот државен секретар на САД го кажа, дека Македонија и задно уште неколку други се на првата линија на огнот, после настаните во Црна Гора на парламентарните избори и обидот за пуч, се покажа дека навистина било точно. Така што и овие настани, вмешувањето на Русија во целата таа трансферзала Будимпешта-Белград-Скопје, со тој крак до Подгорица, мислам дека и помогна на Македонија и на Црна Гора, да бидат извлечени од чекалната таму кај што се наоѓаат и да бидат поставени веќе на сцената кај што треба да се решат што е можно побрзо проблемите. Ние знаеме дека и настаните овде, не само на 27 април, туку и неколку месеци претходно беа, на одреден начин, поттикнувани, не велам дека имало вмешување, но дека биле поттикнувани на овој или на оној начин од Москва за да може да се направи една конфузија во перцепциите за ЕУ и НАТО, конфузија во проекциите за тоа каде сакаме да одиме – рече Поповски.

Тој смета дека сето ова ќе го забрза двојно или тројно патот на Македонија, пред се кон НАТО.

– Очекуваме да видиме како ќе се одвива самитот на НАТО во Брисел на 25 мај, и за мене е многу важно до тој датум да има влада. Бидејќи, ако има влада, или барем мандатар, ќе бидеме погоре на агендата. Ние знаеме дека на претходниот самит во Варшава Иванов не отиде. А сега оваа шанса не смееме да ја пропуштиме. Тука се новата американска администрација, новиот француски претседател Макрон. Не смееме да ја пропуштиме таа шанса и мислам дека и сите овие напори што се случуваат со европските амбасадори, се за да се забрза целиот процес и новата администрација во Македонија да биде присутна таму за да може на лице место да се направат некакви „зделки“ – рече Поповски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e