Верушевски ја тужи државава за двата неосновани притвора со кои беше во затвор 11 месеца во 2015 година

Поранешниот разузнавач и советник за безбедност на премиерот Заев, Зоран Верушевски ја тужи државава за двата неосновани притвора со кои беше во затвор 11 месеца во 2015 година за случајот „Пуч“ и обвинението за неовластено поседување оружје.

Оштетното побарување на Верушевски е 4 милиони и 104 илјади денари.

Верушевски, како што кажа неговата адвокатка пред судот, доживеал душевна болка поради неоснованото апсење и држењето во притвор 344 дена за што беше доставен психијатриски наод.

Верушевски пред судот рече дека мотивот на оваа правна иницијатива е да се заокружи личната семејна голгота која му ја наметна државата, со конструкција без преседан во историјата на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e