Важно за земјоделците: Доколку имате набавено вештачко ѓубриво аплицирајте за субвенции

-Продолжуваме со поддршка за вештачко ѓубриво и во есенската сеидба – 3.000 денари по хектар за пченица и јачмен. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои оваа есен имаат засеани површини со пченица и јачмен и земјоделски стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал согласно закон, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Корисниците треба вештачкото ѓубриво за посевите да го имаат набавено во период од 01 август до 31 октомври 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e